Ние сме вашиот тим кој ви нуди комплетно решение за вашиот бизнис
Достапни 24 часа дневно / 365 дена во годината
+389 71 350 528
contact@deus.mk

Веб солуции

Сите знаеме дека квалитетната веб страна е важна инвестиција, затоа е потребен професионален тим кој ќе ви го овозможи тоа.

Предности на квалитетна веб страна:

Зголемена посетеност


Вас не ви се потребни кликови, вас ви се потребни повеќе посетители кои ќе пребаруваат по вашиот веб сајт и ќе се запознаат со вашиот бренд. Вашата веб страна, лого, визит карти, па дури и вашата facebook fan страна треба да формираат една кохерентна целина. На овој начин вашите посетители ќе се здобијат со позитивен впечаток за вашиот бизнис.

Уникатен веб дизајн


Повеќето компании имаат сличен веб сајт, тие не прават напор да се издвојат од конкуренцијата и да бидат уникатни. Ова не значи дека вас ви е потребна веб страна која има нападни бои и графика, туку креативен и иновативен веб дизајн кој ќе ви овозможи да бидете оригинални. На овој начин ќе бидете впечатливи и поинакви од вашата конкуренција.

Професионална веб страна


Вие сте експерт за вашиот сопствен бизнис, но не сте експерт за веб дизајн. Понекогаш е потребен компромис помеѓу она што го посакувате и тоа што функционира како професионален веб сајт. Квалитетниот веб дизајн доаѓа со искуствотото како да се интерпретираат идеите во веб страна, која ќе го претставува вашиот бренд во најдобро можно светло.

Responsive веб дизајн


Responsive (прилагодлив) веб дизајн е решение кое овозможува вашата веб страна да се прилагоди на сите видови десктоп компјутери, преносни компјутери, таблети, мобилни телефони, а притоа да остане комплетно функционална. Иднината на изработка на веб страни се базира токму на овој веб дизајн. Трендовите укажуваат на се почеста употреба на преносните уреди.

Фази во развој на веб

  • Комуникација со клиентот

    Развојот започнува со комуникација помеѓу клиентот и нашиот професионален тим. Клиентот ги истакнува своите потреби и желби, за кои се изготвува документ (листа на барања).

  • Анализа и планирање

    Вршиме детална анализа на листата на барања. Откако ќе биде завршена анализата, правиме план за тоа како прецизно и успешно ќе ги исполниме барањата на нашиот клиент.

  • Дизајн и кодирање

    Правиме уникатен веб дизајн според потребите на клиентот. Следен чекор е кодирање (пишување на потребните функции) за успешно функционирање на веб страната.

  • Хостирање и тестирање

    Веб страната се хостира. Откако ќе се постави на нашиот сервер, следува тестирање со кое се утврдува дали веб сајтот одговара во целост на поставените барања.

  • Поддршка на клиентот

    Клиентот бара некои измени и/или додатни функции. Нашиот тим стои на располагање за да се извршат измени во кодот и дизајнот на веб страната, како нашиот клиент би бил задоволен.

Авторски права © 2014 Deus. Сите права се задржани
+389 71 350 528    contact@deus.mk
Top