Ние сме вашиот тим кој ви нуди комплетно решение за вашиот бизнис
Достапни 24 часа дневно / 365 дена во годината
+389 71 350 528
contact@deus.mk

Интернет маркетинг

Во денешната интернет ера, онлајн присуството е императив за сите компании кои сакаат да бидат конкурентни. Интернет маркетингот овозможува вашиот бизнис да се најде на глобалниот пазар за многу прифатлива цена. Овој вид на маркетинг е особено погоден за малите бизниси поради флексибилноста и ефективноста.deus-design-mk-deus-dizajn-mk-web-design-veb-dizajn-mk-internet-marketing-top

Придобивки од интернет маркетингот:

Масовно користење на интернет – во денешно време интернетот е дел од животот на секој од нас. Тој претставува алатка која се употребува секојдневно за најразлични потреби. Не постои место на светот кое е повеќе посетувано, токму затоа интернет маркетингот ви овозможува со мала инвестиција да станете конкурентни и да се рекламирате на нови пазари.
Јасни информации за вашиот производ – добриот веб сајт ќе обезбеди јасни и конзистентни информации за вашите производи/услуги на сите интернет корисници. Нема да зависите од способноста на вашиот продавач, бидејќи сите потребни информации се јасно наведени на вашиот веб сајт. Шансата за погрешно толкување е сведена на минимум.
Задоволни клиенти – една од најголемите придобивки за клиентите од интернет маркетингот е тоа што можат да се запознаат со вашите производи или услуги од удобноста на своите домови. Така тие би ги избегнале трошоците за да дојдат до саканата информација. Задоволни клиенти е токму она што вам ви е потребно, само успешна компанија може да се стекне со вакви клиенти.
Ефективност и намалени трошоци – добро испланирана е-маркетинг кампања ќе овозможи на вашиот бизнис да допре до целните клиенти по драстично пониска цена во споредба со традиционалните маркетинг методи. Наша препорака е да ја искористите оваа можност, со мала инвестиција да ја промовирате вашата компанија и истата да се стекне со имиџ каков што посакувате.
24/7 маркетинг – доколку вашата компанија располага со квалитетно изработен веб сајт, вашите клиенти би се здобиле со можност да се запознаат со производите/услугите кои ги нудите, во било кое време, на било кое место. Вашиот веб сајт нема одредено работно време, тој ве претставува 24/7, 365 дена во годината.
Демографско таргетирање – во зависност од производите/услугите кои ги нудите, потребно ви е специфична таргет група. Досега со традиционалниот маркетинг не беше возможно да се фокусирате исклучиво на целната група. Е-маркетингот ви овозможува да се рекламирате селектирајќи возраст, пол, место на живеење итн.
Резултати во реално време – интернет маркетингот ви овозможува резултатите од спроведената кампања да ги пратите во реално време, користејќи онлајн анализатор за следење на истата. На овој начин Вие имате целосен увид за влијанието на е-маркетингот врз вашиот бизнис. Ова е само една од придобивките на овој вид маркетинг.
Постојан контакт со клиентите – интернетот овозможува корисниците инстантно да пристапат до посакуваните информации преку своите мобилни телефони, таблет уреди, лаптоп и да ги следат сите ваши промени. На овој начин ќе им овозможите на вашите клиенти да бидат навремено информирани за сите случувања на вашата компанија.

SEO оптимизацијата и Social media маркетингот се клучни алатки за успешен интернет маркетинг.

deus-design-mk-deus-dizajn-mk-web-design-veb-dizajn-mk-internet-marketing-search-engine-optimizationSearch engine optimization (SEO) е процес кој влијае на видливоста на вашиот веб сајт кај интернет пребарувачите (google, yahoo, bing итн). Во зависност од SEO оптимизацијата рангирањето на вашата веб страна ќе биде различно. Доколку сакате да се најдете на врвот на интернет пребарувачите (google, yahoo, bing итн) потребно е добра SEO оптимизација. Исто така, може да изберете клучни зборови кои при пребарување би ја посочиле токму вашата компанија.

deus-design-mk-deus-dizajn-mk-web-design-veb-dizajn-mk-internet-marketing-social-media-marketingSocial media маркетингот овозможува преку најголемите социјалните мрежи (facebook, twitter, google+, youtube, flickr) да ја промовирате вашата компанија во најдобро можно светло. Овој вид на маркетинг ја поврзува вашата веб страна со социјалните мрежи, со што сите важни содржини ќе бидат достапни до социјалните корисници. Исто така, ви овозможува постојано да сте во контакт со вашите клиенти и да ги информирате за се што сметате дека е потребно.

Авторски права © 2014 Deus. Сите права се задржани
+389 71 350 528    contact@deus.mk
Top