Ние сме вашиот тим кој ви нуди комплетно решение за вашиот бизнис
Достапни 24 часа дневно / 365 дена во годината
+389 71 350 528
contact@deus.mk

Мобилни решенија

Зошто на вашата компанија и е потребна мобилна апликација?

Постои зголемена побарувачка за мобилен пристап до бизнис апликациите, поради големата флексибилност која ја овозможува оваа технологија.

Мобилни апликации за секојдневни корисници

Тоа се луѓе кои се во движење и ги користат мобилните солуции како комплементарна услуга на нивните лаптоп уреди. Тие сакаат да бидат во можност да извршат дел од своите задачи додека се возат со такси, чекаат на аеродром или пак да го пополнат времето помеѓу состаноците.
Токму оваа таргет група е најголем корисник на мобилни апликации. Тие ги користат за пристап до интернет светот, како социјалните мрежи и информативни содржини кои се во полето на нивните интереси. Сега благодарение токму на мобилните апликации со една инсталација пристапот до сето ова е многу поедноставен. Се што треба да направи корисникот е да ја стартува апликацијата за да дојде до потребните информации.

Придобивки за корисниците:
– Минимизирање на администраторските дневници за резервни копии
– Пристап до критичните бизнис информации во лет
– Подобра употреба на ERP решението

Придобивки за бизнисот:
– Повеќе време за клиентите
– Намалување на ризикот од тесните грла кои се случуваат во бизнис процесот
– Сите критични бизнис информации се превземени и внесени во системот

Мобилни апликации за професионални корисници

Мобилноста е од круцијално значење за оваа таргет група. Најчести конзументи се од областа на инжинерството, компаниите чија дејност е сервисирање и сите оние компании кои имаат потреба за брз пристап до информациите. Новите технологии им овозможуваат на професионалните корисници да се здобијат со зголемена ефикасност. Овој вид на технологија која располага со модерен интерфејс покрај олеснета комуникација овозможува и пристап од мобилни уреди, кои претставуваат неопходна алатка во модерниот начин на живот. Со имплементација на мобилните апликации во компаниите драстично се намалуваат трошоците и се зголемува брзината до пристап на важните податоци.

Придобивки за корисниците:
– Клиентите имаат корист од многу повисоко ниво на услуга
– Информациите може да се наоѓаат централно
– Зголемено чувство на професионалност
Придобивки за бизнисот:
– Способност да се следи напредокот на секое работно место
– Помали административни трошоци и зголемен интегритет на податоците
– Побрз пристап до критичните информации за правење на паметни одлуки

Мобилни апликации наменети за трансакции

Оваа група на корисници користи голем број на преносни уреди, вклучувајќи ги лаптоп уредите, таблети, мобилни и ултра тенките преносни компјутери. Тие бараат отворен пристап до нивните бизнис апликации, за со еден допир да ја извршат посакуваната трансакција. Се претпоставува дека таблетите ќе ги заменат сегашните преносни компјутери, почнувајќи со тоа што во 2016 година тие ќе бидат повеќе продавани отколку лаптопот. Причината за овој тренд е малата тежина, “ALWAYS-ON” способноста и долгото траење на батеријата. Таблет уредите ќе може целосно да се трансформираат во стандарден компјутер со уклучување на тастатура, глувче и сите други останати влезно-излезни компоненти.

Придобивки за корисниците:
– Таблетите може да се користат за внесување и бришење на информации
– Технологијата “прво-допри” го прави корисничкото искуство побогато
– Секогаш се зголемува брзината на пристап до виталните бизнис информации

Придобивки за бизнисот:
– Поголема употреба на целосна ERP способност
– Одлична можност да се воведат нови бизнис практики
– Поголемо професионално ниво на услуги поврзани со клиентите

deus-design-mk-deus-dizajn-mk-web-design-veb-dizajn-mk-mobile-solutions-mobilni-soluciiИстражувањата укажуваат на:
– 59% од компаниите ќе ги зголемат инвестиците за мобилните решенија. Парадоксално, 46% од овие компаниите немаат нови стратегии за решавање на овој проблем
– 65% од денешните компании ќе се фокусираат на инвестирање во мобилни солуции почнувајќи од паметните телефони и таблет уредите.
Во последните 3 години, 6 од 10 компании очекуваат да инвестираат повеќе во мобилните солуции отколку во минатото.

Придобивки од мобилните инвестиции за компаниите.
Резултатите укажуваат на конкретно враќање на инвестиција при имплементација на мобилната солуција:
– Зголемена продуктивност на вработените и пониска цена
– Остануваат конкурентни во индустријата
– Регистрација во реално време за да се подобри квалитетот на податоците

Авторски права © 2014 Deus. Сите права се задржани
+389 71 350 528    contact@deus.mk
Top